| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Пејлин со реакција за влијанието на администрацијата на Обама и на Сорос врз изборите во Македонија  

sara pejlin2

Поранешниот републикански кандидат за потпретседател на САД, Сара Пејлин, на нејзиниот профил на „Фејсбук“ сподели текст за влијанието на администрацијата на Обама и на Сорос во изборите во Македонија. Влијателната републиканка на текстот со наслов „Администрацијата на Обама ја финансирала Соросовата фондација за да влијае врз изборите во Македонија“  искоментира дека „така стојат работите“.

sara pejlin

Оваа реакција на Пејлин доаѓа по серијата повици од страна на членови на Сенатот и Конгресот на САД кои побараа да се испита мешањето на американската амбасада во македонските избори. Сенаторите и официјално побараа од државниот секретар Рекс Тилерсон да се изврши истрага за работата на амбасадорот Џес Бејли, кој изминатите денови беше повикан во Вашингтон да ги објасни своите постапки. Тоа што особено ги вознемирува американските владејачки конзервативци, како Пејлин, е што парите на американските даночни обврзници биле доделувани за проекти на фондации поврзани со Џорџ Сорос, човекот кој и во САД и во Македонија е познат по организирањето насилни протести и ангажманот за разградување на државите, преку отворање на границите и слабеење на безбедносните системи.

Текстот од нејзиниот профил е споделен повеќе од 4.000 пати и предизвика бура од реакции на социјалната мрежа, каде што американските граѓани реагираа поради злоупотреба на нивните пари и бараа реакција на американските власти за ставање крај на спрегата Обама-Сорос.

komentari1

komentari2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top