Граѓаните на Крива Паланка и вечерва маршираа низ градските улици за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Од маршот беа повторени пораките за зачувување на унитарна и единствена Република Македонија, отфрлање на тиранската платформа и спречување федерализација на државата.
Членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ од Крива Паланка побараа поскоро разрешуавње на кризата во државата, што според нив е можно само доколку се одржат нови парламентарни избори заедно со претстојните локални избори.
Паланчани маршираа петнаесетти ден по ред. Маршот започна од поранешен „Далфис“ кај населба „Единство“, низ центарот на градот, долж главната улица „Јоаким Осоговски“, до пред зградата на локалната самоуправа на општината.
Маршот заврши мирно со собир на плоштадот „Карпошово востание“, а организаторите најавија протест и за утревечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.