| четврток, 6 декември 2018 |

Богдан Илиевски: Ги менуваме работите – Нема претседател на Собранието

Нема претседател на Собранието, не е избран ниту денеска и ова е нова голема победа за нас, истакна од пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Во петокот сакаа Тиранска Влада, денес сакаа претседател, ниту една од двете желби не им се исполни благодарение на сите вас на улиците низ цела Македонија. Стануваме се повеќе и повеќе и возможно е да ги менуваме работите, со нашиот ангажман, со нашето присуство, со гласно искажување на нашата љубов за заедничка Македонија и на нашите барања од кои не отстапуваме, отфрлање на Тиранската платформа од сите политички субјекти, вели Илиевски.

Тој упати апел луѓето да продолжат да доаѓаат меѓу нив, бидејќи ова како што рече е важен момент во овој историски период.

-Мислеа дека ќе не заплашат, стравот веќе не живее во нас. Мислеа ќе ни го наметнат чувството на срам да ја сакаш и да се бориш за својата држава. Никој овде не се срами што е Македонец, со ова знаме, што ја пее македонската химна. Сите сме горди и ги менуваме работите. Нема претседател на Собранието, вели Илиевски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top