Петре Шилегов, познат по своите „излети“ како пратеник, и денеска не додржа иако со месеци не работеше ништо.
Откако во своето обраќање од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контекст на актуелните протести против тиранската платформа, како и за страдањата на овие Македонци, Шилегов од место прво го истакна своето егејско потекло, за набрзо потоа да излезе „од контрола“.
Шилегов отворено се закани до Илија Димовски за што реагираше и Трајко Вељаноски како претседавачот со седницата. Собраниските служби го симнаа тонот од неговиот микрофон, токму во моментот Шилегов се заканува :
-А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!
Следеше опомена од Вељаноски
-Колеги немојте со такви зборови! Ако треба да дадам пауза да се смирите, во ред.
Многу скоро потоа, пратениците заминаа на пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)