| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо може да здивне, Погба се враќа на тренинзите по повредата

FBL-EUR-C3-MAN UTD-ZORYA

Жозе Мурињо ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед, откако вчера доби многу добри вести околу состојбата на Пол Погба. Французинот веќе е спремен за тренажен процес по истегнувањето на мускулот и наскоро се очекува негово враќање во првиот тим.

Најскапиот фудбалер на светот се повреди за време на натпреварот против Ростов од Лигата на Европа на „Олд Трафорд” минатата недела. Предвидувањата се дека тој ќе се врати на теренот за дуелот со Евертон на 4 април. Токму повредата го спречи Погба да се појави дресот на француската репрезентација на мечот со Луксембург синоќа, а нема да игра ниту на пријателскиот дуел со Шпанија следната недела.

Погба е предмет на многу критики за неговата прва сезона во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед, но Мурињо упорно го заштитува со изјави дека е задоволен од неговото влијание на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top