Реал Мадрид доби дозвола да прави трансфери во летниот преоден рок, па сега може да се очекува некоја „бомба“. Мадриѓани веќе подолго време се обидуваат да го доведат Еден Азар од Челзи. Се очекува во следниве неколку месеци да се направи „офанзива“ и тој трансфер конечно да се оствари.
Според шпанска „Марка“, претседателот на Реал, Флорентино Перез ќе направи се што е во негова моќ, за да го доведе Азар на „Сантијаго Бернабеу“. Затоа е започната „операција Азар“, во која треба да биде вклучен Џејмс Родригез. Колумбискиот репрезентативец би бил вклучен како дел од размената, а Реал ќе треба да доплати, ако сака да го добие Белгијецот.
Според весникот Челси одобрил пред почетокот на летниот преоден рок „кралевите“ да ги отпочнат преговорите со фантастичниот фудбалер за врска.
Тренерот на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан отворено кажува дека негова голема желба е во своите редови да го има Азар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.