Со црвено-жолт „хаштаг“ формиран од поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вчера беше испратена порака за отфрлање на тиранската платформа.
Симболично го направија заштитниот знак на иницијативата во боите на Македонија и повторно дадоа поддршка за заедничка и унитарна држава.
Организаторите на иницијативата велат дека не смее да се формира Влада, ниту да се одбере претседател на Собранието кој не ја отфрлил Тиранската платформа.
Тие апелираат до граѓаните уште помасовно да се собираат на протестните маршеви во наредните денови, бидејќи како што велат благодарение на сите кои ги поддржуваат протестите досега не е формирана влада базирана на платформа која може да наштети на унитарноста и суверенитетот на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)