Американски законодавци моментно го испитуваат мешањето на една национална држава во политичкиот процес во друга земја.
Тоа не се однесува на истрагата на комитетите на Претставничкиот дом и на Сенатот за руското мешање во претседателските избори во САД. Место тоа, неколку републикански сенатори и конгресмени го испитуваат партнерството во Македонија меѓу Владата на САД и фондацијата на Џорџ Сорос, пишува Дејли Колер.
Законодавците испратија писма до американската Канцеларија за одговорност на Владата, до државниот секретар, Рекс Тилерсон, и до амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Во писмото до Бејли испратено во јануари, републиканскиот сенатор на Јута Мајк Ли напиша: Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно се меша во внатрешната политика на Македонија, во нејзините медиуми како и во граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга.
Минатиот понеделник, Бејли го посети Вашингтон и се сретна со сенаторот Ли и неговиот персонал, изјави портпаролка од канцеларијата на Ли за „Дејли колер“. Канцеларијата на Ли не кажа што се случувало за време на состанокот.
Додека Ли во неговото писмо од јануари наведе само „веродостојните извештаи“, тој и пет други републикански сенатори, вклучувајќи го сенаторот на Тексас, Тед Круз, и сенаторот на Џорџија, Дејвид Пердју, дадоа поконкретни детали во писмото што го испратија до Тилерсон во март. Таму тие пишуваат за директни грантови што УСАИД и’ ги доделила на соросовата Фондација Отворено општество.
Иако голем дел од тврдењата за руското мешање во претседателските избори во САД се потпираат на наводни хакерски операции, спроведувањето на американската кампања во Македонија не се затскрива.
УСАИД којa е одговоренa за доделување странска помош и официјално соработува со Фондацијата „Отворено општество“. Од 2012 година, владината агенција има доделено грантови од 1,5 милиони долари за организации избрани од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ) и 4.8 долари за „Проектот за граѓанско општество“ што го спроведува ФООМ.
Само во август минатата година, УСАИД објави програма вредна речиси 9,5 милиони евра што ќе трае до 2021 година и ќе биде спроведувана во соработка со ФООМ, Метаморфозис, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и со Националниот младински совет на Македонија. Метаморфозис беше формирана во 1999 година од страна на Фондацијата „Отворено општество“ и оттогаш стана независна.
Тие милиони долари се трошат во една мала нација сместена во јужниот дел Европа со малку повеќе од 2 милиони жители и со БДП по глава на жител 11 пати помал од САД.
Во извештајот објавен од Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање во јануари во однос на руското мешање во изборите на САД, околу една страница беше посветена на хакирањето на институции и на поединци на Демократската партија, а седум страници на руската телевизија „Раша тудеј“.
Тогашниот директор на Националното разузнавање, Џејмс Клапер, за време на сослушувањето во Сенатот изјави: „Раша тудеј“ е многу активна во промовирањето на посебен аспект, омаловажувања на нашиот систем, нашето наводно лицемерството во врска со човековите права итн. Секоја пукнатина што може да се најде во нашата таписерија, тие ќе ја искористат.“ Во истото тоа сослушување Клапер ги повика САД да воведат програма за државни медиуми во странство што ќе се борат против тоа.
Излегува дека голем дел од парите дадени во грантови во Македонија завршиле за поддршка на медиуми што промовираат политички став, со што го изедначуваат стандардот на САД „за политичко мешање во изборите на друга држава“. Четири медиуми во Македонија – „A1он“, „Плусинфо“, „Поталб“ и „Окно“ – се директно поврзани со ФООМ, според годишните извешти на тие медиуми, во кои се наведува дека тие имаат милиони процесуирани страници. Покрај тоа, ФООМ и УСАИД се партнери со Центарот за развој на медиуми во Македонија.
Во еден повик за грантови за „Проект за граѓанско општество“ на УСАИД од 2012 година, исто така, се споменува „користење нови медиуми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.