| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј има скинат мускул, ќе паузира повеќе од еден месец

endi marej

Повредата што Енди Мареј ја заработи за време на настапот на Индијан Велс воопшто не е наивна, па прворангираниот светски тенисер ќе мора да мине уште извесно време надвор од терените. Ова г откри неговиот брат Џејми Мареј, според кого нема никакви шанси Мареј да се појави во таборот на Велика Британија за пресметката од Дејвис-купот против Франција следниот викенд.

– Колку што јас знам, нема шанси Енди да игра во Руен. Ако грешам би било супер, но она што ми беше кажано е дека станува збор за скинат мускул во пределот на лакотот. Повредата не е премногу сериозна, но не е ниту наивна, така што ќе треба да мине извесно време за нејзино санирање – изјави Џејми Мареј.

Британските медиуми најавуваат дека при ваков вид на повреди паузата најчесто изнесува меѓу четири и шест седмици, а како можен термин за камбек на Мареј се наведува Мастерс-турнирот во Мадрид што ќе се одржи од 7 до 14 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top