| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија: Поради бурата, затворени пристаништа, рудници, аердромот во Таунсвил (Видео)

Денеска пред зори се евекуирани илајдници Австралијанци поради многу силен циклон кој го погодил Квинсленд и кој достигнал сила од 300 км/ч.

Премиерката на државата Квинсленд, Анастасија Палашук, изјавила дека се евакуирани околу 3500 жители, додека претставници советувале уште 2000 граѓани да се еваукираат, додавајќи дека евакуацијата е потешка кога ќе се влоши времето.

Поради бурата, затворени се пристаништа, рудници, аердромот во Таунсвил, додека се откажани сите летови в понеделник и вторник.

Палашук предупредила и дека тоа е најсилната бура која ја погодила таа држава од 2011 година.

Циклонот Деби е класифициран како ураган од четврта категорија, додека циклоните од петтата категорија се сметаат за најсилни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top