Нeофицијалните резултати од парламентарните избори во Бугарија покажуваат победа на партијата на Бојко Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ). Според тоа како јавуваат агенциите, конзервативците освоиле меѓу три и пет проценти гласови од второпласираните бугарски социјалисти. Трета е коалицијата на Обединетите патриоти, а четврти партијата на бугарските Турци. Во парламентот ќе влезат и пратеници од партијата Волја, на бизнисменот Веселин Марешки, а веројатно и од партијата Реформскиот блок.
Ниедна од партиите не освоила доволно поддршка за самостојна влада, па се очекува Борисов да состави влада како и пред две години- коалициски меѓу ГЕРБ, партиотите и реформаторите. Сепак се очекуваат и гласовите од бугарската дијаспора во 70 држави, околу 150.000 гласови кои може да влијаат на резултатите, особено во корист на ГЕРБ.
Борисов вечерва се заблагодари на гласачите и најави брзо формирање влада.
со новата премиерска функција, Борисов ќе биде „рекордер“ во земјата со трет премиерски мандат.
Државната Централна изборна комисија соопшти дека излезноста споредено со минатите избори била поголема, до 17 часот гласале 2,9 милиони од 7,8 милиони граѓани со право на глас.
Вонредните парламентарни избори во Бугарија ги следеа над 4.000 набљудувачи кои забележале и повеќе неправилности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.