| четврток, 6 декември 2018 |

Незгоден карактер: Обрадовиќ истепа свој кошаркар (ВИДЕО)

Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ уште еднаш го покажа својот незгоден темперамент

На вечерашниот натпревар на Фенербахче против Баликешир, српскиот стручњак се изнервира од играта на младиот Берк Угурлу. Иако 20-годишниот кошаркар беше најефикасен во својот тим со 11 поени, на Обрадовиќ не му се допадна тоа што не се придржува на неговите совети, па при еден тајм аут два пати го удри по раката. Угурлу добро знае со кого си има работа, па не реагираше, а на крајот Фенербахе победи со 79:68.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top