Европските претставници треба да застанат со примената на двојните стандарди во Македонија, изјави универзитетската професорка Татјана Каракамишева во вестите на ТВ Нова.
-Во Македонија, Македонскиот устав е тој којшто е со највисоко правно значење, но и едновремено, и меѓународното право е тоа коешто се применува затоа што во темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е напишано дека општо прифатените норми на меѓународното право се задолжителни за сите во Македонија, за сите институции, граѓани но и за странците кои доаѓаат во Македонија, истакна Каракамишева.
-Оттаму г-динот Хан треба да знае затоа што бил министер за правда и претпоставувам дека точно знае кои се тие меѓународни стандарди и правила коишто се дел од меѓународното право, но и ги знае одредбите на Македонскиот Устав дека оваа тиранска платформа која ни се дава како пост-изборен план за составување на некаква нова Влада и реконпонирање на парламентарното мнозинство во државата е спротивно на Уставот затоа што е во спротивно на меѓународното право, додаде Каракамишева.
Таа смета дека апсолутно е неприфатливо институции да се креираат врз база на документи коишто се спротивни на меѓународното право и спротивни на Уставот во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)