Вооружени ограбувачи вчера нападнале продавница за накит од брендот „Картие“ во Монте Карло. За да го одвлечат вниманието на властите, тие запалиле огромен пожар кој се наоѓа во близина тунелот. Најмалку еден од ограбувачи е повреден во престрелката со полицијата.
Грабежот наликувал на холивудски акцискин филм.Стотици туристи го гледале чадот што излегувал од тунелот на познатата трка во Формула 1. Гостите во околните кафулиња, продавници и казина морале дел од попладнето да останат во нив, а полицијата им порачала дека е најбезбедно да не се движат низ градот. “
Додека спасувачките служби се обидувале да го изгаснат огнот, најмалку тројца ограбувачи влегле во продавницата, лоцирана на светски познатиот плоштад на казина и избегале со огромен плен.
Во мај 2015 година бутикот за накит на „Картие“ во францускиот град Кан беше нападнат од разбојници, кои успеаја да се офајдат со драгоцености вредни над 15 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)