| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Лас Вегас: Мртви и ранети луѓе во пукотница (видео)

Напаѓач пукал кон две лица во Лас Вегас САД, од кои едно лице починало, пренесува полицијата. Напаѓачот се затворил во автобус, а преговарачките полициски тимови се на лице место, пренесува телевизијата СиЕнЕн.

Инцидентот се третира како барикада, а нема потврдена информација за втор напаѓач.

Автобусот е паркиран пред хотелот Космополитен, каде тврдат дека немаат информација за напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top