| четврток, 6 декември 2018 |

Јаневски до Заев: Распишете избори, освои си ги своите 70 пратеници и ќе имаш мирна глава

„Едно нешто не е јасно: ако Заев смета дека на нови избори СДСМ би освоил 70 или повеќе од 70 пратеници, тогаш што си го губи времето со преговори, со мандати за составување влада, па како што се фали Оливер Спасовски, со попуштање кон ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Kомисијата и слични глупости. Ајде човеку, распишете избори, ете ви ги педесетте гласа од ВМРО-ДПМНЕ за тоа, освои си ги своите 70 пратеници и ќе имаш мирна глава. Тоа што Македонија ќе изгубела два- три месеци плус, не вреди многу, многу како аргумент од човек и партија поради кои Македонија изгуби две и пол години. Значи, без многу мислење, распишете избори, СДСМ нека си ги освои 70-те места во парламентот и потоа ете ти „Живот“. Плус плата од 500 евра месечно, не за семејство, ами за човек.

Значи, излезот од кризата е многу лесен и едноставен. Нема платформа, ВМРО- ДПМНЕ оди во аут, има избори и го имаме СДСМ со 70 гласа. Згора на тоа, ако тие избори бидат заедно со локалните, ете шанса за СДСМ и за Заев да ја збришат ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво. Поедноставно, здравје!“ – пишува уредникот на Дневник Дарко Јаневски во својата колумна „Нови избори и 70 пратеници за Заев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top