Секојдневно на виделина испливува лудоста и желбата преку медиумите на СОРОС да се продадат државните симболи и воопшто државата во замена за каква-таква власт на социјалдемократската врхушка, но медиумскиот главен поданик на социјалдемократите и прв антимакедонист Бранко Героски познат како Гериз вечерва ја мина секоја граница. Гериз преку неговите медиуми вечерва го надмина и Села со неговото негирање на македонската нација и симболи.
Во веста за денешниот собир на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, употребата на црвената и жолтата боја, цртањето на македонското знаме, сонцето, го нарекува НАЦИОНАЛИСТИЧКА СОДРЖИНА!
„Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска во Градскиот парк во Скопје организираше настан на кој деца од најмала возраст цртаа цртежи со националистичка содржина – знамиња, сонца, употреба на црвена и жолта боја, испишуваа „Македонија“… “
Героски како прв човек на овој интернет медиум, исто како и на весникот Слободен печат, со ваквиот став открива дека не само што ги прифаќа ставовите на Зијадин Села, туку оди и чекор понатаму.
Героски со објавувањето на оваа вест се покажува како вистински Гериз- Ваквиот негов став покажува дека тој би ги ЗАБРАНИЛ црвената и жолтата боја, Гериз би барал јавно да се казни секој што ќе напише Македонија, Гериз би забранил деца да ги цртаат македонското знаме, и воопшто сонцето како симбол.
За Гериз национализам е деца кога цртаат знаме!!! Но, за Гериз е прифатливо тоа што ликови како Села од Ливада плукаат, негираат, поганат се што претставува македонската нација со нејзините симболи.
Дали можеби Гериз напиша дека постои злоупотреба на деца кога низ Македонија се славеше денот на албанското знаме, кога колони деца го носеа албанското знаме среде Скопје? Испита ли Гериз дали македонските Албанчиња биле излажани „со чоколадца“ за да носат знамиња, како што вели сега за децата кои цртале сонциња? Или на Гериз му пречат само македонското знаме, македонското сонце, црвената и жолтата, македонските дечиња.
Напиша ли нешто Гериз за тоа со колку пари беа потплатувани насилниците кои повредуваа полицајци за време на „неговите собири“, им порачувал ли Гериз тогаш да не носат македонски знамиња, туку само албански знамиња и симболите на УЧК?
Ваквиот став на Гериз не се разликува многу од однесувањето на грчките фашисти против Македонците, ниту пак отстапува од удбашките терминологии во времето на сузбивањето на македонските слободарски идеи.
Сето ова ја покажува вистинската рак- рана на македонското општество и вистинското лице на луѓето кои себе се претставуваат како борци за „слобода на говорот“ и „слободата и демократијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.