| четврток, 6 декември 2018 |

Героски: Како Груевски не е политичар, кога е пратеник и од тоа живее, тоа му е професија!?

-Вие имате изјава, морам да ја потенцирам таа изјава, што мене ме шокираше од Специјалната јавна обвинителка г-ѓа Катица Јанева, која коментирајќи го барањето за азил на Груевски, за политички азил вели „Груевски не е политичар“. Тоа е шокантна изјава, бидејќи човеков е во најмала рака политиката му е професијата, од тоа живее, тој е пратеник – појасни Героски при гостувањето на „24 Анализа“.

Да потсетиме, Катица Јанева при гостувањето на 1ТВ беше запрашана за коментар околу барањето за политички азил во Унгарија. И според неа, Груевски не може да бара политички азил, затоа што не е политичар!

-Па тоа не е политичар. Мислам дека е јасно дека господинот Груевски не е политичар, тој не е на висока функција, тој слободно се движеше низ Република Македонија. Дури и комуницираше со новинари и сите институции на нормален начин – рече во таа прилика Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top