Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на социјалните мрежи ги сподели видеата од денешната посета на реконструираните блокови А и Б во студентскиот дом Гоце Делчев.
Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ целосно се завршени градежните активности за реконструкција на блокот А, како втора фаза од процесот за целосна обнова на домот. Досега целосно се реновирани блоковите А и Б, а за десетина дена се очекува да започнат активностите и за реновирање на останатите два блока В и Г и до следната година да бидат целосно завршени.
Сите студентски домови имаат нови лифтови.
Студентите полека добиваат услови за достоинствен живот сведочи и набавката на 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 килограми, инвестиција вредна 200 илјади евра.
Од четири блока, блоковите А и Б веќе е се комплетно завршени и следуваат блоковите В и Г. Идејата беше да не се затвори студентскиот дом две години за да се реновира, туку студентите да има каде да престојуваат, а дел по дел да се заврши. Се што ветивме се реализираше- напиша Груевски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)