Аријан Адеми доби намалување на суспензијата на две години и во октомври ќе може официјално да му се врати на фудбалот. Тоа е голема вест за него, за Динамо Загреб и за репрезентацијата на Македонија. Селекторот Игор Ангеловски е среќен што повторно ќе го има во национачниот тим на Македонија и вели дека ќе му ја даде целата поддршка.
– Среќни сме за одлуката за Адеми, ќе го имаме назад во репрезентацијата од октомври. Прво тоа е голема одлука за него и крај на неправдата што ја имаше. Сега треба да се насочи на враќање и ќе ја има целата поддршка од Македонија во тоа – вели Ангеловски.
Адеми треба да се врати на 7 октомври, а Македонија ден претходно ќе игра против Италија во Удине. Можеби би добил и дозвола за да го одигра тој натпревар, но за тоа ќе треба да се дискутира со канцеларијата на ФИФА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.