| четврток, 6 декември 2018 |

Русите пресекоа: Не учествуваат на Евросонг „на далечинско“! (Видео)

Рускиот Канал1 ја одби понудата од Евросонг руската пејачка Јулија Самојлова да учествува во натпреварот „од далеку“, односно преку сателит, откако Украина и забрани на руската претставничка да влезе во земјата за да учествува на музичкиот фестивал.

-Понудата за учество од далечина го сметаме за чудно и го отфрламе, бидејќи апсолутно се коси со суштината на настанот- смета телевизијата.

Европската Унија на јавните сервиси (ЕБУ) претходно и’ понуди на Самојлова можност да учествува на евросонгот во Киев, во мај, со вклучување преку сателит.

-ЕБУ вложи напори да најде решение за ситуацијата и донесе одлука да понуди на телевизијата Јулија да учествува преку директно вклучување во второто полуфинале- се наведува во соопштението.

До колку би се квалификувала за големото финале, додава ЕБУ, истото решение би се применило и за тој дел од натпреварувањето.

Првиот човек на натпреварувањето, се надева дека политичкото лодерство на Украина нема да ја спроведе забраната за патување за Јулија и дека ќе најде решение во насока на слоганот на натпреварувањето „Славење на различностите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top