На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, освен позитивна енергија и пораки за унитарна Македонија, ликовни уметници и најмладите преку цртежи ја искажаа љубовта кон Македонија.
Овој начин на искажување на креативноста на дечињата беше многу забавен за нив и им донесе насмевка на лицата.
Музичкиот хепенинг на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повторно беше масовно посетен, а можеа да се забележат луѓе на сите возрасти, од најмладо до најстаро. На најмладите им беа поделени чоколатца со порака „За заедничка Македонија“.
Граѓаните овој пат, наместо со транспаренти, преку музика и забава испратија порака дека нема да дозволат да се наметне Тиранската платформа и точките во неа.
Со музичкиот хепенинг, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска повторно испрати порака за унитарна Македонија.
Богдан Илиевски од иницијативата им порача на граѓаните, оние, како што рече, кои се уште седат пред телевизор, дека работите се променија во Македонија во претходните 26 дена. Денеска е 27 ден, посочи, и веќе имаме конкретни резултати од нашето излегување на улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“