| четврток, 6 декември 2018 |

Музички хепенинг „За заедничка Македонија“ денеска во 13 часот кај Школка

Со музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје во 13 часот граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска ќе испрати порака за унитарна Македонија.

Од граѓанската иницијатива повикуваат на мирен протест и најавуваат многу музика, млади и позитивна енергија бидејќи како што велат така се сака Македонија.

„За заедничка Македонија“ ги поканува сите слободни граѓани на Р. Македонија да излезат и да дадат свој придонес за зачувување на татковината.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top