Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за Светското првенство во Русија, откако вечерва во Вадуц го совлада Лихтенштајн со 0-3 (0-1). Ова е прва наша гостинска победа по седум години и успехот на Андора.
Бобан Николов го отвори резултатот во 43.минута, а во вториот дел Илија Несторовски уште двапати стрелаше во мрежата на Лихтенштајн, и на крајот не успеа да реализира пенал за хет – трик.
Веќе во шестата минута, Македонија ја имаше првата сериозна шанса. Пандев одигра двојно со Николов, влезе во шеснаесетникот од левата страна, шутираше, но голманот на Лихтенштајн, Петер Јеле успеа да одбрани.
Стефан Спировски се обиде со удар по земја во 25. минута, но за малку беше непрецизен. Бесарт Ибраими се обиде од слободен удар од голема далечина, но биеше многу непрецизно. Во 35. минута Несторовски во празно додаде за Пандев, но топката беше предолга за нашиот капитен.
И кога се чинеше дека немаме идеја како да ги пробиеме „сино-црвени“ Бобан Николов фати волеј со левата нога од 14-15 метри и топката заврши во горниот агол на немоќниот Јеле (0-1). Така на полувреме заминавме со минимално водство и со гол во вистински момент.
Второто полувреме почна со ударот на Бесарт Ибраими во надворешниот дел од мрежата по ударот од левата страна од 9-10 метри накосо. Велковски со инвидуална акција и удар од далечина се обиде во 56. минута, но ударот заврши во блокот. Минута подоцна ударот со глава на Несторовски по центаршутот на Тричковски заврши по средината и Јеле рутински одбрани.
Ангеловски го внесе Трајковски на местото на Ибраими во 64. минута. Четири минути подоцна по центрашутот на Пандев од десната страна, Илија Несторовски со глава ја смести топката во мрежата на Лихтенштајн за поспокојни 0-2.
Само пет минути подоцна и трет погодок за Македонија. Спировски повлече контранапад, Ристовски центрираше од десната страна, Јеле ја одби топката, а таа падна на ногата на Несторовски кој рутински стрелаше во мрежата.
Во 90.минута, пенал за Македонија, што го избори Илија Несторовски. Пандев му дозволи на Нестор-гол да го изведе, но Јеле го одбрани неговиот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)