Германските научници во четвртокот во гратчето Јилих, 30 километри западно од Келн, го запалија „најголемото вештачко сонце на светот“, со надеж дека ќе им помогне да најдат начин за создавање на еколошко гориво.
Уредот „Сончева светлина“ се сосотои од 149 ксенонски лампи кои обично се користат за симулација на дневна светлина во филмските студија.
Научниците од Германскиот аеровселенски центар велат дека со фокусирање на сите зраци на површина од 20 x 20 сантиметри, ќе можат да создадат соларна радијација 10.000 пати појака од природната добиена од истата површина.
Според директорот на Институтот за соларни истражувања Берхард Хофшмит создавање на толку висока температура –која ќе достигне и до 3.000 сепени Целзиусови, ќе биде клучно за тестирање на новите начини за добивање на водород.Многумина сметаат дека водородот е гориво на иднината, бидејќи не создава јаглеродни гасови кога согорува, што значи не придонесува за глобалното затоплување. Но, иако водородот е најзастапен елемент во универзумот, на Земјата е многу редок. Еден од начините да се произведе е преку разделување на молекулите на водата, со помош на електрична енергија, преку процесот на електролиза.
Научниците се надеваат дека ќе можат да го избегнат процесот во кој се користи струја, преку искористување на огромното количество на енергија што допира на Земјата преку сончевата светлина.
Според Хофшмит, овој уред е направен за да ги подигне експериментите од помалите лаборатории на повисоко ниво и додава дека кога научниците ќе ја совлаат техниката за создавање на водород со 350-киловатниот „Synlight”, уредот ќе може дополнително да се зголеми, за индустриски потреби.
Крајна цел, вели Хофшмит е да може да се користи правата сончева светлина, наместо вештачка светлина, како со овој уред, кој чини 3,5 милиони евра и троши стуја колку четворочлено семејство за една година.
Хофшмит признава дека и водородот покажува одредени проблеми, на пример лесно е запалив, но преку комбинација на водородот со јаглеродниот моноксид добиен од обновливи извори, научниците би можеле да произведат еколошки керозин за авиоиндустријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)