| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд се „држи“ за суверенитетот, Меркел го притиска за реформите

Франсоа Оланд вели дека против суверенитетот е ако ЕК да му диктира на Парис кога ќе ги исполни реформите. Ангела Меркел го потсети дека ветил длабоки реформи во замена за 2 дополнителни години за да си ја затвори буџетската дупка

FRANCE-GERMANYПретседател Франсоа Оланд вети дека ќе ги изврши одамна потребните реформи на пензискиот систем и на пазарот на труд, но рече дека тоа е внатрешна работа на Париз а не работа на Европската комисија за да таа утврди како тие да се имплементираат. На заедничкиот прес во Парис со германската канцеларка Ангела Меркел, Оланд се бранеше дека ЕУ не може да “диктира” реформи на земјите-членки. Оланд рече дека Франција ќе се држи до целта за балансиран буџет во структурна смисла до 2017 година и дека ќе ги пресретне целите од Брисел, но и дека го наежуваат детални сугестии од ЕК што да се прави или избегне.

“Деталите, процедурите и начинот се одговорност на владата и на државата, во спротивно нема да постои национален суверенитет”, рече францускиот лидер. “Мора да постои суверенитетот над спроведување. Комисијата дава препораки, не наредува земјите-членки што треба да направат.”

Меркел, која притоа го погреши името на домаќинот и го нарече “Франсоа Митеран”, не искоментира директно, но пред да му се извини, го потсети дека на Франција и биле дадени две дополнителни години за да го постигне кратењето на дефицитот во замена за реформите.

“Тоа оди рака под рака”, рече таа, нагласувајќи ја поентата дека Шпанија, Италија, Грција, Португалија и Ирска веќе презеле длабоки структурни промени.

Откривајќи ги препораките за реформи за 27-члената Европска унија, во средата ЕК итно побара од Оланд да ги заузда ​​француски јавните трошоци, нови пресметки на пензиите и кртење на трошоците за работна сила во замена за две години одмор за зацртаното намалување на буџетскиот дефицит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top