Mакедонскиот кошаркар Перо Антиќ синоќа го имаше „потегот на натпреварот” меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче, откако за малку ќе го нокаутираше својот соиграч Србинот Никола Калиниќ. Тоа се случи во четвртата минута, кога Антиќ се бореше за офанзивен скок, а откако судиите му ја доделија топката на Ефес, Македонецот бесно замавна со рака – и го погоди Калиниќ.
На крајот, целата ситуација заврши со насмевка на српскиот ас, кој како да не веруваше што всушност се случи.
Ефес водеше во поголемиот дел од натпреварот, Фенер се врати благодарение на повратникот Богдановиќ, но токму српскиот репрезентативец го промаши шутот што можеше да донесе победа, по што Ефес од линијата за слободни фрлања стигна до конечните 80:77.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)