| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно добри вести: Адеми се враќа!

Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Аријан Адеми во септември ќе се врати на терените, Судот за спортска арбитража ја намалил суспензијата на Македонецот

Конечно светло на крајот од тунелот за репрезентативецот на „Црвено-жолтите“, Аријан Адеми наскоро ќе се врати на фудбалските терени.

По неколку одлагања, Судот за спортска арбитража донесе пресуда и реши да ја намали суспензијата од четири на две години.

Па фудбалерот на Динамо Загреб во септември ќе има кам-бек.

Аријан Адеми падна на допинг тест направен по дуелот со Арсенал во Лигата на Шампионите во септември 2015.

Тој беше позитивен на анаболички стероиди, и доби драконска казна од од УЕФА од четири години суспензија.

Европската куќа на фудбалот остана глува на жалбата на Македонецот, па Аријен Адеми беше приморан правдата да ја бара пред судот во Лозана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top