Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми откако ја дозна одлуката на Спортскиот арбитражен суд во Лозана која беше позитивна и со тоа може набрзо ќе може да им се врати на фудбалските терени даде изјава дека е подготвен да се врати посилен од било кога.
Тој се надеваше дека казната ќе биде помала и ќе може да му се приклучи на Динамо Загреб веќе на летните подготвоки, меѓутоа без разлика на се тој ветува оти ќе се врати на терените посилен од било кога.
– Се надевав дека акзната ќе биде помала, но тоа што е најважо е дека ЦАС со својата одлука потврди, а тоа го пишува и во соопштението дека не сум измамник и дека немерно не сум земал недозволени средства. Од денес ќе почнат подготовките за моето враќање, сите кои ме знаат се убедени дека ќе се вратам посилен од било кога. Бидете сигурни ќе играм фудбал повторно на високо ниво -истакнал Адеми за „Спортске Новости“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.