| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Ова е победа за црвено жолтата-линија која нема да ја поминат

– Ова е победа за црвено жолтата-линија која нема да ја поминат – истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тој вечерва, на 26. ден од протестите на „За заедничка Македонија“ говореше пред насобраниот народ, кој е се поброен.

– 24 март денот кога најавија дека ќе формираат влада качени на Тиранската платформа. Епа нема влада на 24 март. Победивме и ќе продолжиме да победуваме. Ова е победа за секој од вас. Секој еден од повеќе од 200.000 Македонци кои излегуваат на улиците за да кажат дека не си ја даваат држава, не го даваат ни името, ни знамето, ни јазикот, ни химната, ни државниот грб – изјави Илиевски.

Според него секој кој излегол на улица, носи делче од оваа победа и секој еден е важен.

– Затоа е важно да продолжиме без страв. Излеговме за да го одбраниме она што е наше. Победите ќе продолжат. Дури сме тука нема да се избере претседател на Собранието кој не ја отфрлил Тиранската платформа, кој не ја осудил нејзината содржина и суштина. Не сме за двојазична и бинационална државата. Таа држава прво не е фер кон сите други етнички заедници и второ ја поставува Македонија на патот кон кантонизација, федерализација и нејзин престанок да постои – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top