| четврток, 6 декември 2018 |

Багери се редат пред Владата (ФОТО)

Секој ден, 26 дена илјадници, илјадници луѓе, милиони чекори. Упорноста, присуството, посветеноста и разбирањето што го имаме кај народот ни дава сила и право да ги повикаме во уште поголем број, да не се откажат и да продолжиме во остварување на своите цели.
Денеска на граѓаните кои протестираат за унитарна Македонија им се приклучуваат градежните работници со механизација. Пред владата веќе се редат багери.


Приклучете се сите сте добредојдени, без разлика на вера, нација или пак политичка определба, повика еден од иницијаторите на граѓанското движење „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски.

Багеристи денеска излегувајќи на протестите со механизација се спротивствуваат на Тиранската платформа и точките во неа.

Багеристите даваат поддршка на протестот јасно искажувајќи дека се против воведување на двојазичност и федерализација во Република Македонија.
0-02-05-31293c58051f126b6a4c10089c27a976cc36df5b25b94a3cb4ab6fda9c4f2fae_full

bager

bager1-768x432

bager2-768x432

bager3-768x432

bager5-768x432

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top