Артан Груби, блискиот соработник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска дебата потврдува цека целиот изборен инженеринг и постизборна операција води кон менување на името на државата.
– Сите што сме тука и Вашингтон и Брисел знаеме дека ако Мaкедонија не го смени името во согласност со барањата на Атина, не може dа направи вистински чекор кон ЕУ и кон НАТО. Ова е една добра можност, овие резултати во Собранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името – вели Груби. Настапот на Груби, како човек близок до Ахмети, не смее да се анализира само како негов личен став, туку како став на целата гарнитура на ДУИ.
И во текот на кампањата во која социјалдемократската врхушка ветуваше редефинирање кон брзи евроатлански интеграции и по неа, со појавата на тиранската платформа во која јасно стојат барањата за смена на името и симболите на државата, заедно со иредентистичките настапи на коалицискиот партнер на Заев, Села, дека не ги почитува знамето и химната бидејќи не биле „мултиетнички“, станува сѐ појасно дека предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за крајната цел – смена на името и идентитетско обезличување на македонскиот народ и култура – се вистинскиот предизвик пред народот и државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)