Во Клуб Спорт 77 Евротип, во Демир Капија, освоен е 35 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката вредна 1.601.945 денари е освоена на светскиот ден на среќата, кој се одбележува на почетокот на оваа недела во март. Со овој МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, среќниот играч Васил Тодоров стана 35 милионер на Државна видеолотарија.
Македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски- Иџе во просториите на ДВЛМ на добитникот Васил Тодоров, му го додели чекот кој гласи на добитниот износ на најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ 1.601.945 денари.
Васил Тодоров од Демир Капија е најновиот македонски милионер на ДВЛМ. Тој на видеолотариските терминали играл токму на светскиот ден на среќата. Како редовен играч, тој и претходно добивал помали добивки, но оваа е најголемата досега. Вели дека многу и се радува. Видно возбуден, ни раскажа дека уште е под импресии. Тодоров среќниот миг го споделил со своето семејство. Планот како ќе се потроши убавата добивка не е направен, но Васил верува дека кога возбудата ќе стивне, спокојно со семејството ќе може да си ги реализира своите желби.
Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 35 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 52.556.908 денари. Покрај нив, освоени се и 4757 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 35.664.507 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.