Еден од фудбалерите со неверојатно позитивна сезона и голем прогрес во играта и формата е некогашниoт фудбалер на Вардар а сега десен бек на Ријека, Стефан Ристовски. Еден од најдобрите фудбалери во хрватскиот фудбалски шампионат сака да се концентрира на мечевите со Лихтенштајн и Белорусија, а не на шпекулациите дека ќе го засили португалскиот Спортинг.
– Не смееме да мислиме дека сме посилни две или три класи од Лихтенштајн. Македонија не е веселила и не смее така да размислива. Сепак, јасно е дека мора да ги освоиме првите бодови во овие квалификации. Само победа е нашата цел и уште од Скопје во главите ни е триумф – смета Ристовски.
Скопјанецот не сакаше многу да ги коментира шпекулациите кои велат дека ги игра последните мечеви за Ријека и од следната сезона ќе го облече зелено-белиот дрес на Спортинг од Лисабон.
– Мојата иднина им е препуштена на менаџерите, тие си ја знаат својата задача, а јас за понудите ќе размислувам кога ќе заврши сезоната. Имам важни мечеви со репрезентацијата и потоа борба за титулата со Ријека – дополнува тој.
Ристовски беше стартер во сите четири претходни натпревари од квалификациите за Светското првенство, а ќе се најде во првиот тим и вечерва во Вадуц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Ристовски одигра 90 минути за Спортинг Лисабон, „зелено – белите“ го прегазија Маритимо
-
Новогодишното капење во Ријека се претвори во трагедија: Двајца локални жители се удавија (видео)
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019