| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема заслужено, Никола Ѓоргиев е МВП на јапонската лига

nikola gjorgiev

најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев освои се што можеше да се освои со тимот на Торај ароус оваа натпреварувачка сезона, откако на трофејот од Царскиот куп македонскиот ас минатиот викенд ја додаде и шампионската титула во јапонското првенство. Со оглед на фактот дека токму Ѓоргиев е најзасужен за двојната круна на Торај, неслучајно капитенот на македонската репрезентација беше во главна улога и на денешното доделување на наградите на играчите кои ја одбележаа сезоната во В-лигата на Јапонија.

Тој го доби МВП признанието за најкорисен одбојкар во јапонскиот шампионат, како заокружување на супер-успешната сезона што Македонецот ја имаше на Далечниот Исток.

Само за потсетување, Никола Ѓоргиев пред две сезони беше избран и за МВП на првенството на Франција, по одличните настапи што ги имаше во дресот на Париз, по што следеше и трансферот во Јапонија.

nikola gjorgiev 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top