| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово порачува: Неуништливоста на нашиот народ повторно воскреснува

куманово

И вечерва кумановци ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и уште еднаш ги упатија пораките за унитарна Македониа и за отфрлање на тиранската платфора.

Граѓаните протестниот марш го завршија пред Центарот за култура, каде се обратија Дивна Јанкова и Дејан Ѓорѓиевски. Јанкова рече дека насекаде низ државата се слуша гласот на народот за заедничка Македонија.

– Неуништливоста на нашиот народ повторно воскреснува. Желбата за простување е многу посилна, потребата за обновување на соживотот е единствена алтернатива ако нашата заедничка цел е бериќетен живот во убава и просперитетна Македонија, рече Јанкова.

Македонија се најде во опасност бидејќи, како што рече, рече загрозен е националниот идентитет, а загрижува и ниската национална свест кај дел од Македонците. Повика на обединување на македонскиот народ за одбрана на земјата, да се повлечат црвени линии за унитарноста, за статусот на македонскиот јазик и државните симболи.

Ѓорѓиевски истакна дека преку протестите се искажува волјата на македонскиот народ искажана на 11 декември. Нагласи дека оние кои гласале за СДСМ не гласале за платформи, менување на македонскиот идентитет.

– Процесот почна со двојазичост, треба да заврши со менување на името и кантонизација. Само така ќе можат да го котролираат ова парче земја, така скршени без идентитет да не внесат во Унијата од која сите силни држави почнаа да бегаат, рече Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top