| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од Гевгелија: Остануваме на барањата за отфрлање на сите точки од Тиранската платформа

Голем број граѓани на Гевгелија ќе и даваат силна поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се додека од тиранската платформа не се откажат нејзините потписници и поддржувачи. Ова вечерва беше порачано на протестниот марш во Гевгелија.

Учесниците порачаа дека ќе останат на барањата за отфрлање на сите точки од документот чија цел, како што рекоа, е разнебитување на Македонија. Најавија дека ќе останат на улица се додека не се исполнат нивните барања за зачувување на унитарноста на нашата држава.

Граѓаните на Гевгелија рекоа дека се за мултиетничка и заедничка Македонија, а против двојазичност, федерализација и промена на националните симболи на нашата држава.

Мирниот протест во Гевгелија почна пред Народниот театар и споменикот на илинденецот Сава Михајлов, а заврши на шеталиштето во центарот на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top