| четврток, 6 декември 2018 |

Нонкуловски: Македонија не е во сопственот на оваа генерација, туку и на сите идни генерации

нан

Македонија не е во сопственот на оваа генерација, туку и на сите идни генерации кои секогаш ќе се спротивставуваат на какви било поделби и федерализации, истакна на вечерашниот протестен марш на граѓанската иницијатива, лекарот од Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје, Данило Нонкуловски.

Ја повика СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев, јавно да се откажат и да ја отфрлат Тиранската платформа и со тоа да докажат дека, како што вели, малку ја заслужуваат буквата „М“ која ја носат во нивното име.

– Она што овие месеци се случува со прифаќањето на Тиранската платформа, не е само несериозност, но тоа е и влегвување во уривањето на Уставниот поредок на државата и претставува тешко кривично дело и затоа ги повикувам СДСМ јавно да се откажат од таа платформа. Со тоа да покажат дека малку ја заслужуваат буквата М која ја носат во нивното име, а ако не да се подготват со последиците со кои ќе се соочат, истакна Нонкуловски.

Неотфрлањето на Тиранската платформа од страна на СДСМ, Нонкуловски го оцени како антидржавен чекор.

– Антидржавните чекори кои ги презема СДСМ не само што се во корист на други држави, туку се и наша огромна штета, затоа што се противуставни, а и водат кон внатрешен неред и конфликт, потенцира Нонкуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top