Сакаме да го изразиме нашето незадоволство, а истовремено од некои институции да побараме поддршка и да ги запознаеме со целиот случај во врска со предметот на Сеад Кочан, изјави претседателот на партијата на Бошњаците, Зекир Рамчиловиќ на протестот пред ОБСЕ.
-Се работи за политички монтиран процес во којшто целта е да се блокира и замолчи медиумот ТВ НОВА чиј што е сопственик на Кочан и истовремено да се испрати порака до другите медиуми. Истотака Кочан е претседател на здружението на Бошњаците, кое како организација има претставник и во Собранието на Република Македонија. Сметаме дека ова се премногу случајности, а тоа се гледа од она што беше кажано како дел од обвинението. Јасно е дека станува збор за политички притисок и монтиран процес со којшто сака да се нанесе штета и врз Бошњачката заедница и врз слободата на медиумите, изјави Рамчиловиќ.
Тој додаде дека целиот процес треба да продолжи согласно правото, начелата и принципите, а не да се прави штета врз медиумот или угледот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


