Со брендираното мобилно студио ТВ НОВА и денеска мирно протестираше во знак на револт против притисоците врз овој медиум и политичниот прогон на сопственикот на телевизијата, Сеад Кочан. Шести ден по ред голем број на граѓани, новинари, претставници на бошњачката заедница и вработени во компаниите на Кочан се собраа пред канцеларијата на ОБСЕ во Скопје каде што доставија писмо. Во документот детално се опишува ситуацијата со која се соочува ТВ НОВА и се бара поддршка и солидарност.
Андоновиќ се заблагодари и на поддршката што телевизијата ја добива од другите медиуми.
И здружението на Бошњаците повторно со осуда за овој случај. Го нарекоа класичен политички притисок во обид да се згасне еден медиум, но и директен удар врз Бошњачката заедница.
Во текот на вчерашниот ден уредничкиот тим од телевизијата испрати и апел до новинарските здруженија и организации да реагираат за притисоците врз ТВ НОВА. Од здружението на новинари на Македонија со одговор дека внимателно ја следеле состојбата со ТВ НОВА, но ќе реагирале кога ќе проценеле дека станува збор за политички притисок.
Мирниот протест за поддршка на ТВ НОВА ќе продолжи и утре со почеток од 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


