
Денешната приредба на СЈО е уште еден од многуте докази дека СЈО работи под директива на СДСМ и Заев. Она што Заев го најави пред една година, во интервјуто на Сител, кога отворено му се закануваше на уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, но и кога ги претстави новинарите како најголеми непријатели, Катица Јанева го институционализира преку приватното СЈО – отвори неколку случаи кои директно удираат врз честа и угледот на седмата сила, и се насочени финасиски да ги истоштат медиумите, односно да ги замолчат.
Медиумите под контрола на СДСМ денеска се повикуваат на прес конференција на Шилегов од пред 3 години, на која откри дека мајката на новинарката Ивона Талевска, Лимба Талеска, е сопственик на фирмите „Смарт комјуникејшенс ДООЕЛ“ и „Смарт гроуп ЛТД ДООЕЛ“, за кои денеска Специјалното јавно обвинителство отвори предмет под името „Тифани“.
Се додека Петре Шилегов на прес-конференции најавува што ќе работи СЈО не можеме да зборуваме за независен орган кој работи за да ја оствари целата за која е формиран. Ова што денеска го презентира СЈО не произлегува од прислушуваните нелегални разговори, туку се спрема во кујната на СДСМ, а СЈО го процесуира за да се замолчат медиумите и телевизиите кои не им се по мерка и да се сврти вниманието на народот од протестите и Тиранската платформа.
На овој начин се врши директен притисок новинари поединци и врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ и Заев и Сорос. Очигледно е дека СЈО работи како партиска испостава на СДСМ и е под целосна контрола на криминалното раководство на СДСМ на чело со аболицираниот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


