| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби жената која имаше 60 неконтролирани оргазми дневно

Гречен Моланен (39) страдала од генитлана превозбуденост што кај неа доведувало и до 60 спонтани оргазми во еден ден. Таа од оваа болест страдала цели 16 години. Поради ваквата состојба не можела да се вработи и да има нормална врска. Гречен се самоуби само еден ден откако беше објавена нејзината животна приказна.

– Мојот живот беше потполно поинаков пред ова изјавила Гречен во ноември и објаснила дека спонтаните оргазми започнале да и се случуваат кога имала само 23 години. Го сакав животот, но ова што ми се случува ми го уништи. Ова не е живот. Постојано мислам на самоубиство, ќе изјави Гречен тогаш.

Гречен имала желба да работи како преведувач, знаела француски, шпански и германски, но поради ваквата сотојба најчесто прифаќала да работи други значително потешки работи. Конечно во 1999 година престанала да работи и најголемиот дел од своето време го поминувала со вибратор затворена во својата соба.

Гречен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Флорида околу полноќ на први декември, само еден ден откако е емитувана нејзината животна приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top