Бесарт Ибраими, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, верува дека „црвено-жолтите“ може да забележат победа на гостувањето кај Лихтенштајн и првпат во циклусот за СП 2018 да се радуваат на три бода.
Досега, нашиот национален тим на четири меча има четири порази. Дуелот со Лихтенштајн е прв меѓусебен во овој циклус, а Ибраими верува дека ако нашите фудбалери ги повторат игрите од дуелите против Албанија, Израел и Италија – ќе дојдат до посакуваната победа.
– Не очекувам лесен натпревар. Но, ако ги повториме игрите од мечевите со Албанија, Израел и Италија – ќе победиме. Три бода кај Лихтенштајн би биле доста добри за нас. Верувам дека сите фудбалери што ќе се најдат на теренот ќе сакаат да победат за Македонија. Исто и јас, ако се најдам во првиот тим, ќе дадам се од себе да помогнам да дојдеме до посакуваната победа – изјави фудбалерот на тетовска Шкендија.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра в петок, од 20.45 часот, во Вадуц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
МРТВ повеќе нема да ги пренесува натпреварите на македонската фудбалската репрезентација?
-
Криминална одлука ќе ги однесе на Мундијалот? Со непостоечки пенал, Швајцарија на чекор до Светското во Русија
-
Македонија напредуваше 32 позиции на ФИФА ранг листата