Професорката Гордана Силјановска смета дека многу делови од платформата го кршат Уставот на Република Македонија. Таа овие ставови ги изнесе во гостувањето во емисијата „Фактор 24“.
За точката од тиранската платформа: „Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ја зајакнува националната рамноправност на албанското население“, професорката Силјановска смета дека е неуставна затоа што се урива принципот на мултиетничноста на државата.
-Албанската нација е државотворна нација и таа државотворност ја реализирала со создавањето на албанската државотворност во 1912 година. Ако зборуваме за мултиетничност, тогаш инсистирањето на бинационалниот принцип, овде (платформата) нема ниту еден збор за другите национални заедници, тука не се споменати ниту Турци, ниту Срби, ниту Роми, ниту Власи, ниту Бошњаци, ги нема. Тогаш како може да збориме за мултиетничност, тоа не е мултиетничност, туку биетничност – вели професор Силјановска.
Професорката напоменува дека бинационалниот концепт само ќе ги продлабочи разликите меѓу граѓаните.
-Јас одговорно тврдам дека бинационалниот концепт секогаш ќе ги продлабочува разликите и ќе доведува до нешто што се нарекува игра на победници и губитници – смета Силјановска.
Силјановска уште еднаш напоменува дека голем дел од одредбите од платформата се надвор од Уставот. Таа тука ја спомена точката од платформата: „Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот“. Таа за оваа точка вели дека е вовед на федерализација на земјата.
Силјановска се осврна и на барањето за промена на симболите на униформите и двојазичноста на банкнотите.
-Барањето за двојазичност на банкнотите или за симболите на униформите е исто така нешто што постои во федерацијата. Симболите многу често повеќе кажуваат од зборовите – изјави Силјановска.
Инаку, професор Гордана Силјановска важи за еден од најголемите експерти и познавачи на уставното право во нашата земја, таа е и професор по предметот Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)