| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчкоски ги има сите одговори за кои СДСМ молчи: Нормално дека локалните избори ќе се одложат (ВИДЕО)

Идеологот на СДСМ, поддржувачот на политиката на Зоран Заев, Љубомир Фрчкоски во емисијата „24 Анализа“ вчера го потврди партискиот став, дека немаат намера да се откажат од тиранската платформа и затоа нема да одат на избори.

Граѓанскиот револт од молкот на СДСМ за тиранската платформа секој ден станува сè поголем и поголем и тоа е причината што СДСМ избегнува соочување со народот и причината поради која СДСМ ги одложи и локалните избори.

-Нормално сметам дека локалните избори ќе ги одложат, никој не е будала да оди на локални избори со платформа: „Гласајте против платформата на Албанците, гласајте против СДСМ“. Како мислат дека  можат да го изведат тоа? – рече Фрчкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top