| четврток, 6 декември 2018 |

Падна договор: Илија Димовски претседател на собраниската комисија (Видео)

Прекинатата конститутивна седница на македонското Собрание ќе биде закажана за в понеделник. Оваа одлука е донесена по денешниот договор ВМРО-ДПМНЕ да го добие претседателското место во Комисијата за избори и именувања, по што на оваа функција е назначен Илија Димовски. Со ова СДСМ призна дека ги изгуби изборите.

– Доколку СДСМ продолжи да го слуша гласот на народот што секој ден е на улиците и доколку СДСМ со ваквите постапки продолжи да прифаќа дека е губитничка партија на изборите, Собранието на Република Македонија ќе продолжи нормално да функционира. Доколку се обидуваат со постизборна измама да наметнуваат нови правила во Собранието на Република Македонија, тогаш сите можности остануваат отворени – изјави денеска Илија Димовски.

На оваа седница треба да се избере новиот собраниски спикер. Нема информации дали тоа ќе се случи в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top