Прославениот аргентински ас, Ернан Креспо кој во својата кариера имаше можност да игра за голем број на квалитетни тимови детално објасни која екипа е во предност на четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Јувентус.
Ова ќе биде меч на актуелните шампиони на Шпанија и Италија, а и една своевидна реприза на финалето од 2015 година во Берлин кога каталонците излегоа како победници и славеа со 3-1.
– Ако Барселона и Јувентус се на највиско ниво, на 100 проценти тогаш каталонците ќе поминат понатаму. Тие се посилни. Меѓутоа Меси и компанија не се на најдоброто ниво, тие потфрлија на првиот меч со ПСЖ, па Јуве ќе има што да каже. Една работа е сигурна, Алегри и избраниците не смеат да си дозволат никакви грешки, мора да бидат на топ физички и психички подготвени. Игуаин може да биде клучен. Нормално го видовме неверојатниот кам-бек на Барселон против ПСЖ на „Камп Ноу“. Тоа беше фантастично, но секогаш не може да биде недела. Мислам дека вистинската Барса е некаде измеѓу од првиот и вториот меч со ПСЖ. Јуве може да го искористи просторот и да направи проблеми. Барселона ќе помине? Не го реков тоа, но логиката вели дека шпанците се еден чекор понапред. Сите знаат дека Алегри и Јувентус ќе мора да го одиграат натпреварите на животот – истакна Креспо за „Газета Дело Спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.