Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Спутник“.
Според Лавров, чудно е што Балканот се перцепира како регион на руски „провокативни активности“, а секои нормални релации меѓу Русија и балканските земји предизвикуваат загриженост на Запад.
– Сегашната ситуација во Македонија е малку покомплицирана, дури би ја нарекол и криза, во голем дел предизвикана вештачки, која води до ситуација за обиди за поделба на општеството, вели Лавров, изразувајќи надеж дека „Западот ја сфаќа опасноста од таквите обиди“.
„Спутник“ потсетува дека официјална Москва неколупати повикала на запирање на сранското мешање во внатрешните работи на Македонија. Декемвриските предвремени парламентарни избори во Македонија резултираа со победа на ВМРО-ДПМНЕ која освои 51 пратеничко место, додека 49 од вкупно 120 места ги доби опозицискиот СДСМ. Оттогаш партиите се обидуваат да формираат коалиции, но досега без успех.
Руското МНР во март оцени дека македонската опозиција „отворено е поддржана од ЕУ и САД“ и дека еврокомесарот Јоханес Хан, високата претставничка Федерика Могерини и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вршат „невиден притисок“ врз македонскиот претседател Ѓорге Иванов да и даде мандат за формирање влада на опозицијата. На запирање на странското мрешање во внатрешните работи на Македонија, претходно повика и постојаниот руски претставник во ОБСЕ Александер Лукашевич, пишува „Спутник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.