| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечка „Нова 24“: Во Македонија врие, ЕУ му наметнува на народот албански за официјален јазик

Повеќе десетици илјади лути демонстранти ги заземаа улиците на Скопје и во другите поголеми македонски места, откако претставниците на Европската унија одлучија да се вмешаат во тамошната политичка криза. Протестантите ги заземаа главните улици во Скопје и викаа: „Македедонија, Македонија“. Најногу ги разлути одлуката на еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан, кој отфрли средба со граѓаните кои протестираат, пишува Нова24.си.
Во текстот се пишува и дека Македонците протестирале и на други 42 места во државата, покрај тоа го пречекаа со низа транспаренти од аеродромот до главниот град. Протестите кои траат веќе повеке од 20 дена, сега беа најмасовни, на улиците имаше најмалку 50.000 Македонци. Авторот во текстот пишува дека Македонија е во криза од декемвриските парламентарни избори, на кои двете најголеми партии не успеаа да соберат доволно пратеници за да оформат влада. Поради тоа сега владата од зависи од албанскиот блок, кои барат албанскиот јазик да стане втор официјалне во Македонија.

Лутите демонстранти со транспаренти и порачаа на Европската унија дека имале доволно европски комесари. „Јазикот кој сите го разбираме е македонскиот, барањата на албанското малцинство само кон обид за раскројување на нашата држава“, запишаа Македонците јасно порачувајќи и на Европа, дека нема да дозволат која било партија која ќе ги прифати нивните барања да биде на власт.

Десницата не го дава мандатот на социјалдемократите, кои на Албанците им ветија двојазична Македонија

Македонските конзервативци, кои во државата владеат повеќе години, веднаш го одбија барањето на албанското малцинство за формирање на владина коалиција, пишува во текстот.

Македонската владеачка конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ тесно победи на декемвриските избори. Конзервативците добија 51 од 120 места во парламентот, меѓутоа најголемата опозициска партија освои 49 места.

Во текстот пишува дека во Македонија на друг начин се чекал расплетот од изборите, дека двете најмоќни политички партии прославија победа. Вистински скандал претставува потегот на американскиот амбасадор, кој проба да промени волјата на народот. Дипломатијата на поранешниот претседател Барак Обама, држи страна на социјалдемократите, пишува во текстот.

Тајните служби сакаат да ги соборат конзервативците, имаат поддршка од Џорџ Сорос и ЕУ

За словенечките медиуми во декември изјава имал и Цветин Чилиманов, кој во текстот е објаснет како угледен новинар на Македонскта информативна агенција и политички аналитиар, тој вели дека победа за македонската десница всушност била историска, тоа беше нејзина јубилејна десетта, и покрај притисокот од страна на опозицијата со помош на странскиот фактор. Тој во изјава таму вели дека тајните служби се обиделе да ја срушат актуелната влада во Македонија, за државата да остане во рацете на левичарите.

Десницата од своето гласачко тело скоро и никого да не изгуби, разликата ја намалија гласовите кои левицата ги доби од Албанците, кои во голем број гласаа за СДСМ, пишува во текстот.

На прашањето зошто 80 илјади Албанци во декември гласале за СДСМ, а не за партиите од албанскиот блок, одговара амбасадорот на Македонија во Словенија Тони Димитриевски. Тој вели дека се плаши албанските гласачи добиле одредени ветувања од социјалдемократите и дека не се работи за некоја добра економска програма. Конзервативните медиуми во Македонија, велат дека социјадемократите на Албанците им ветиле двојазична Македонија.

Виктор Орбан згрозен од тиранската платформа, која Европа пробува да и ја наметне на Македонија

Во текстот се објаснува дека според некои проценки во Македонија денеска живеат околу 250 илјади етнички Албанци, што е околу четвртина од целокупната површина во државата. Албанскиот јазик е признаен како службен јазик, таму каде што Албанците се над 20 проценти населенија, на национално ниво е признаен само македонскиот јазик како официјален.

Европската унија со своето вмешување во внатрешната политика во Македонија, сериозно го загрозува мирот во регионот, пишува Нова24. Очигледно е дека тие сакаат да обликуваат влада, со тоа што албанските партии се споени во голема коалиција, што пред се не е демократски, а и е против волјата на граѓаните. На мешањето на европскиот комесар остро изреагира Унгарија и нејзиниот претседател Виктор Орбан, кој во Будимпешта се сретна со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Орбан остро го осуди делувањето на Европскиот совет, за кое според неговите зборови не постои општ консензус за предизвиците, со кои во моментов се соочува Македонија. Тој изјави дека е остро против тиранската платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top