| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно Ел класико за „кралевите“, Љуљ кобен за Каталонците (видео)

serhio ljulj

Вторпат во две недели кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа големиот ривал Барселона, овој пат во Евролигата и на убедлив начин со 85-69. Со овој триумф екипата на Пабло Ласо остана во мртва трка со ЦСКА Москва за првото место во регуларниот дел од сезоната.

Овој пораз значи и дека по подолго време двојниот европски првак Барселона нема да игра меѓу осумте најдобри екипи во најсилниот европски куп, а со тоа ни на завршниот турнир во Истанбул.

Во „Паласио де депортес“ мадриѓаните почнаа срамежливо, но од почетокот на вториот период ја наметнаа убиствената игра од дистанца и го уништија тимот на Барцокас. Истите актери од мечот во Ендеса лигата, Ајон и Љуљ, пак ги уништија Каталонците.

Најефикасни кај „кралевите“ беа Љуљ со 21 и Ајон со 14 поени, а во таборот на Барселона се истакнаа Рајс и Томас со по 12 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top